Српската актерка и Плејбој зајчица Ивана Млаѓовиќ пронајдена е мртва откако се предозирала, а нејзиниот вереник Милош К. е во тешка состојба. Двајцата се пронајдени без свест во станот на свој пријател.
Ивана Млаќовиќ (30) од Косовска Митровица, која беше Плејбој зајачица и епизодна актерка во српската телевизиска серија „Село гори, а баба се чешла“, е пронајдена мртва во станот на својот пријател во населбата Илиќево во Крагуевац.
Покрај несреќната девојка, на која титулата Плејбој зајачица своевремено и ја грабна старлетата Сораја Вучелиќ, во бессвесна состојба е пронајден и нејзинито вереник Милош К.