Дали имате проблем со лош здив и покрај тоа што редовно ги четкате забите? Обидете се со пијалак кој можете сами да го направите! Домашно, сепак, секогаш е најдобро.
Не ви требаат многу состојки.
Состојки:
1/2 лажица цимет во прав
1/2 лажица мед
сок од 2 лимони
чаша врела вода
Подготовка:
Ставете ги циметот и медот во сад и истурете ја топлата вода. Добро измешајте додека медот не се раствори, додадете го сокот од лимон. Потоа повторно промешајте, па истурете го пијалакот во стаклена тегла и покријте ја со капак. Почекајте да се излади пијалакот, а потоа ставете го во фрижидер. Прво, жабуркајте го пијалакот во уста, а потоа проголтајте.
Пијалакот, покрај тоа што е добар за свеж здив, е исто така одличен за подобрување на имунитетот.