Во Скопје на 93 годишна возраст почина Владимир Митков македонски професор, политичар, општественик и претседател на Претседателството на СР Македонија, објавија неговите колеги од Правниот факултет во Скопје, каде што долго време работеше.

Функцијата шеф на колективното претседателство на Социјалистичка Република Македонија ја вршел од април 1990 до јануари 1991 година.

Митков беше професор на Правниот факултет во Скопје. Од март 1983 до 1986 бил уставен судија во Уставниот суд на Македонија, а во периодот од 1984 до 1986 година и негов претседател.

Проф. д-р Владимир Митков е автор на бројни научни и стручни трудови, предавач и педагог.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 27 јули 2024 година (сабота) од 10 – 11 часот, е објавено во последниот поздрав до починатиот професор од колегите на Правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.