На 94-годишна возраст денеска во Скопје почина Ефтим Гашев, познат македонски публицист и пистаел, доследен поборник за независна обединета македонска држава и жесток противник на шовинизмите кон Македонците од соседните држави и на комунизмот.
Погребот на Гашев, како што објави Нетпрес, ќе се одржи утре во 12,30 часот на скопските градски гробишта во Бутел.
Ефтим Гашев е еден од Македонците кои во периодот на комунизмот се затворани и прогонувани од тогашните тајни служби, и се судени за идеите за обединета Македонија.
Гашев е роден во Скопје во 1925 година. Образованието го завршил во родниот град. Тој е еден е од членовите на Македонско национално движење „Бунт“ организација основана во Скопје, на 30 мај 1938 година. Во 1945 година бил осуден на 12 години робија како македонист. Објавил затворски мемоари и три книги со афоризми.
Напишал и неколку необјавени монодрами. Добитник е на неколку награди за афоризам. Објавувал и дневнополитички карикатури. Член е на Друштвото на писатели на Македонија. Тој е автор на книгите: „Сончогледи“, „Нашата кауза“, „Непокор“, „Аритмија“ и др