Од Ракометната Федерација на Македонија известуваат дека починал Илија Темелковски – човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот.
Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник, Ракометната Федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочуство до семејството на Темелковски, наведуваат од РФМ.
Погребот е утре (14.10.2025) во 11:30 часот – Градски гробишта Бутел (капела).
Темелковски беше селекторот со кој македонските младински репрезентации ги постигнаа своите најдобри резултати на европската сцена во 2002 и Светското првенство во 2017 година, а беше селектор и на едно од најдобрите Светски првенства на машката сениорска репрезентација во 2009 година.