ИН МЕМОРИАМ: Почина македонскиот невропсихијатар и епилептиолог професор д-р Методи Чепреганов

/ 09.07.2022

Почина Проф. Др. Методи Чепреганов, специјалист по невропсихијатрија и епилептологија.

„Со огромна жалост би сакале да Ве известиме дека денес по кратко боледување почина нашиот ценет и почитуван проф. др.Методи Чепреганов. Директорот,менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работата како дел од тимот на болницата,во која работеше повеќе од 20 години. Вечна му слава“, информираат од Неуромедика.

Чепреганов беше дел од Европската асоцијација за клиничка неврофизиологија и епилептологија за земјите од Француско говорно подрачје; Невролошка асоцијација на Франција. Награден е со орден Palmes Academiques од страна на Првиот министер на Франција во името на Министерството за наука.


Од истата категорија