На 72 годишна возраст денеска во Битола почина поетот, писател и новинар во пензија Панде Манојлов.
Манојлов беше еден од најплодните македонски поети, автор на повеќе од 30 книги поезија, поезија за деца, раскази, театарски критики….преведуван е на англиски, француски, руски, турски, германски, а најмногу е препејуван на арапски јазик во 15 држави од арапскиот свет. Едно од најпознатите негови поетски дела е „Песна за Палестина“.
Последната авторска песна Манојлов со наслов „Болеста“ ја објави деновиве.
Панде Манојлов членуваше во Друштвото на писатели на Македонија, Македонско научно друштво-Битола и други национални и меѓународни асоцијации, а за својата активност е носител на повеќе награди и општествени признанија.