Почина портпаролот на ЕВН и поранешен новинар Атанас Ковачевски.

Ковачевски на јавноста и беше познат од ТВ екраните како новинар од сферата на економијата, а во последните години работеше како портпарол на ЕВН.

На неговиот Фејсбук профил утринава можеше да се видат бројни пораки од неговите пријатели кои се простуваа од него.

Ковачевски претходно работеше во ТВ Канал 5, како и во Македонската радиотелевизија.

Од ЕВН потврдија дека Ковачевски починал рано утринава, а претходно немал посериозни хронични и здравствени проблеми.

Ковачевски имаше 50 години, а последните 10 години беше портпарол на австриската компанија.

– Ковачевски со својата исклучителна професионалност и колегијалност даде огромен придонес во отвореноста на компанијата и нејзината комуникација, а со тоа генерално и во развојот на енергетскиот сектор во земјава, велат од ЕВН.