Македонскиот пејач Зоран Георгиев, кој ја испеа познатата песна „Еден бакнеж…“ почина во 77 година од животот во Белград, во Република Србија.
Георгиев е роден во Охрид, а ќе остане запаметен по извонредната песна „Еден бакнеж“ на Петре Пешев. Со неа победи на фестивалот во Опатија во 1962 година.
Тој има освоено прва награда на фестивалот Скопје 70 и за најмодерна песна, што ја изведуваше со Златко Голубовиќ, на Белградската пролет 67.
Успесите ги постигна и со мелодиите од филмот „Аламо“ и песните „Една солза“ и „ Драга мајко“. Зад себе го остави компакт-дискот „Песните на мој начин“ и албумот со македонските староградски песни и бисери, во кој централното место го заземат песните „ Зајди, зајди“, од Александар Сариевски и „Еден бакнеж“.