Герила акција на активист вечерва упадна во студио на државната косовска радио-телевизија со транспарент „Радио телевизија Курти”.
Активистот на Социјалдемократската партија на Косово (СДПК) Нољ Нуши денеска, на почетокот на централниот дневник на Радио-телевизија на Косово (РТК), упадна во студиото и зад водителката држеше транспарент на кој пишуваше „Радио-телевизија на Албин Курти“.
РТК за кратко ја прекина емисијата, а обезбедувањето го избрка Нуши од студиото, додека раководството на телевизијата преку соопштение го осуди прекинот во работата.
Во соопштението на РТК се наведува дека Нуши влегол во студиото, а обезбедувањето сметало дека се работи за лице кое требало да гостува во емисијата.