Пратеничката на новиот хрватски Парламент, Катарина Пеовиќ од Работнички фронт, тврди дека денеска во Саборот дошло до инцидент, кога била вербално ја нападната од пратеник на ХДЗ.
„За време на паузата во парламентот бев вербално нападната од пратеникот на ХДЗ, Винко Зулим, кој врескаше лудо дека моите предци колеле луѓе. Се обидовме да го замоламе да не остави на мира, но дури и тоа не помогна, се додека неговите луѓе не го повлекоа од кафетеријата“, напиша Пеовиќ на својот профил на Твитер.
Зулум, исто така, е градоначалник со најдолг стаж во далматинската општина Сегет. Со неговото име во минатато се поврзуваа бројни скандали, а некои од нив беа за проневера и злоупотреба на општински пари за приватни цели, потсетува весникот „Јутарњи лист“ од Загреб.
U pauzi u Saboru verbalno me napao HDZov zastupnik Vinko Zulim bezumno urlajući da su mi pretci bili koljači. Pokušali smo ga zamoliti da nas ostavi na miru ali ni to nije pomoglo dok ga njegovi nisu odvukli iz kafića.
— Katarina Peović (@kpeovic) July 22, 2020