Во полициската станица Аеродром Е.Ц. (50) денеска пријавил дека на 28 септември во училиште во скопската населба Аеродром се случило насилство.
Како што соопшти МВР, пријавено било дека во периодот од 10:30 до 11:00 часот во основно училиште во населбата Аеродром, за време на малиот одмор, четири малолетници-ученици во училиштето фатиле за нозе и раце нивна 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата што се наоѓа на приземје и ја фрлиле на земја.
Девојчето се здобило со телесни повреди.
Индицентот со 14-годишното девојче се случил во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во оваа скопска населба.
Од МВР информираат дека родителите на малолетниците кои го извршиле нападот се повикани во полициска станица и се преземаат соодветните мерки и активности за целосно расчистување на случајот.