Со молотиви коктели, дрвја и камења, вчера, мигрантите и бегалците собрани на турската страна од границата со Грција, кај Еврос, ги нападнаа грчките полициски сили, објавија локалните медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Паралелно, тие запалиле огнови и се обиделе да ја урнат заштитната гранична ограда, а грчката полиција одговорила со солзавец за да спречи нелегален влез.
Грчкиот министер за цивилна заштита, заедно со извршниот директор на Фронтекс, денеска се во посета на грчко – турската граница кај Еврос.