Со инциденти, солзавец, шок бомби и приведени заврши протестот во Атина против рестриктивните мерки, карантинот, употребата на маска и сл, јави дописничката на МИА од Атина.
На плоштадот Синтагма се собраа лица организирани преку социјалните мрежи, извикувајќи слогани против Владата, против меркитр, против полицијата, но и против новинарите.
Полицијата употреби солзавец и шок бомби за да ги растера демонстрантите, кои се собраа и покрај карантинот, на два часа пред почетокот на полицискот час во Атина.
Дописничката на МИА од Атина, во живо ги пренесуваше инцидентите што се случија на плоштадот Синтагма, но и на околните улици. ср/