Дејтонскиот мировен договор се политизира и толкува во полза на политичките партии и пораките за негирање на БиХ доаѓаат главно од Република Српска, изјави синоќа високиот претставник во БиХ, Валентин Инцко, пред Советот за безбедност на ОН.
-Факт е дека Дејтон и Уставот на БиХ и натаму се дискриминирани за различни политички цели, рече Инцко на онлајн тркалезната маса на Советот за безбедност на ОН.
Тој додаде дека „има само еден мировен договор што важи за секого и дека сите договори мора да го почитуваат Уставот“, кој, како што рече, вклучува клаузула „која и дава на БиХ право да го брани својот суверенитет и интегритет“, пренесуваат босанските медиуми.
-Исто така, договорот ги повикува ентитетите да ги почитуваат одлуките на државата и, од 1992 година, ја признаваат БиХ како држава со дефинирани граници. Погрешните активности ги потресуваат темелите на БиХ, рече Инцко.
Тој тврди дека пораките за негирање на БиХ најмногу доаѓаат од РС и рече дека претседавачот и српски член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, „повторно изјави дека никој не може да ја спречи интеграцијата на Србија и РС“.
-Покрај тоа, тука е и кревањето споменик на осудениот воен злосторник, Радован Караџиќ, негирање на геноцидот во Сребреница и сите други слични реторики што ја загрозуваат заедницата, рече Инцко.