Маж од Индија тврди дека примил 12 дози вакцина против Ковид-19 и вели дека верува оти тие дози му помогнале против болките во грбот, како и други здравствени проблеми, пишуваат повеќе медиуми.
Тој за Њујорк Тајмс изјави дека има 85 години и првата доза ја примил во февруари минатата година.
„Верувам дека тоа ми помага за општото здравје. Болките во грбот ми се намалија, добив сила, а апетитот ми се подобри. Постојано барав центри за вакцинација и одев таму, а никој не ме препозна“, изјави Мандал.
Засега нема докази дека дополнителните дози на вакцини против коронавирус придонесуваат за општата здравствена состојба која не е поврзана со коронавирусот, а Мандал рече дека сака да продолжи да се вакцинира.