Индија изрази „длабока загриженост“ поради ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран и ги повика двете страни на воздржаност.
Индија соопшти дека е „длабоко загрижена“ поради ескалацијата на конфликтот во Западна Азија и повика на воздржаност и заштита на цивилите додека Израел се подготвува да одговори на вчерашните ракетни напади на Иран.
„Важно е конфликтот да не добие поширока регионална димензија и бараме сите прашања да се решаваат со дијалог и дипломатија“, се вели во соопштението на индиското Министерство за надворешни работи.
Покрај тоа, Њу Делхи ги повика сите свои граѓани да се воздржат од патување во Иран, освен ако немаат убедливи причини.