Конзервативни хиндуистички групи спречиле жени да влезат во еден од најсветите хиндуистички храмови, спротивставувајќи се на одлуката на Врховниот суд да им се дозволи, по повеќевековна забрана, влез во храмот на женски лица кои имаат месечен циклус.
Демонстрантите пред храмот Сабаримала во Керала фрлале со камења и шишиња врз новинарски возила. Биле уапсени 11 демонстранти кои се обиделе да спречат влез на жените.
Министерот за индустрија на Керала, Е.П.Џајараџан изјави дека демонстрантите нападнале десет новинари, пет верници и 15 полицајци, а оштетиле и 10 автобуси.
Властите во Керала ветиле дека ќе ја поддржат судската одлука и ќе бидат распоредени околу 500 полицајци, вклучувајќи и 100 полицајки, пред храмот.
Повеќето хиндуистички храмови не им дозволуваат на жени да влезат во светилиштето доколку се на возраст меѓу 10 и 50 години кога имаат месечен циклус.