Велика Британија може од петта да стане седма по големина економија во светот кога ќе ја напушти Европската унија следната година.На ранг листата на ПрајсвотерхаусКуперс пред неа ќе бидат Индија и Франција.

Според експерти од компанијата, во 2019 година Франција ќе ја задржи шестата позиција, а Индија ќе стане петта по големина економија во светот.

Компанијата прогнозира економски раст за 2019 година за Велика Британија од 1,6 отсто ако државата успее да избегне шок од евентуалното напуштање на ЕУ во март без договор. Прогнозите за раст на француската економија се 1,7 отсто односно за индиската 7,6 отсто.