Бројот на  смртни случаи од новиот коронавирус во Индија се зголеми за 166 и сега изнесува 199, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Според соопштението, во Индија во изминатите 24 часа биле пријавени дополнителни 678 пациенти, што го зголемило бројот на 6.412.

Станува збор за пораст на бројот на заразени лица во изминатите 24 часа, бидејќи вчера биле пријавени 540 нови случаи.

Индискиот премиер Нарендра Моди на 24 март ги повика сите регионални власти да обезбедат строго почитување на карантинот, воведен до 14 април. Постои можност мерката да се продолжи.

Индија има околу 1,3 милијарди жители.