Најмалку 11 лица, меѓу кои две деца, загинаа од струен удар во јужна Индија.
Тие настрадале кога возилото во кое биле удрило во надземен далновод и се запалило, соопштија надлежните служби.
За време на инцидентот во државата Тамил Наду се повредени десетици луѓе откако возило долго 2,7 метри во облик на кочија, влечено од верници, удрило во високонапонски линии.
„Се надевам дека повредените наскоро ќе закрепнат“, напиша премиерот Нарендра Моди на Твитер и изрази сочувство до семејствата на жртвите.
Некои се повредени при падот, додека други се повредени кога се обиделе да избегаат од пожарот, скокајќи од возилото кое превезувало статуи со хинду божества.
Во акцијата за спасување на пожарникарите им се придружија и локалните жители.