Владата на Индија најави дека планира понатамошно олеснување на мерките за карантин, и покрај тоа што денеска е пријавен рекорден број на новозаразени со коронавирусот.

Од 8 јуни ќе почнат да работат хотелите, рестораните, трговските центри и местата за молитва.

Одлука за следната фаза, која вклучува повторно отворање на училиштата и универзитетите, се очекува во јули.

Сепак, некои активности и понатаму ќе бидат ограничени, како што е, на пример, патување во странство, а кината и баровите ќе останат затворени.

Во Индија вчера се регистрирани 8.000 новозаразени, што е рекорден број на нови случаи во еден ден.

Во земјата вкупно има повеќе од 173.000 луѓе заразени со новиот коронавирус.