Во Индија днееска беше аплицирана милијардитата доза на вакцина против Ковид-19. Тоа го објави Министерството за здравство шест месеци по експлозивниот скок во бројот на случаи, што предизвика загриженост за состојбата на здравствената заштита во државата.
Според владата, речиси три четвртини од возрасното население во земјата од 1,3 милијарди примиле барем една доза, а околу 30 проценти се целосно вакцинирани.