Во изминатите 24 часа во Индија се регистрирани рекорден број смртни случаи  – 4.187 од Ковид-19, а веќе трет ден по ред бројот на новозаразени е поголем од 400 илјади.

Во државата Тамил Наду од денеска на сила е нов локдаун.

Со вчерашните 401.078 потврдени случаи вкупно има 21,9 милиони заразени во таа држава додека бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата е околу 240.000.

Во државата Карнатака, и главниот град Бенгалору што се смета за ИТ престолнина на Индија синоќа беше објавено дека рестрикциите за движење се продолжуваат до 24 мај.