Индија денеска со регистрирани 314.835 случаи на инфицирани со коронаворус во еден ден го забележа најцрниот рекорд не само во оваа  најнаселена земја во светот, туку и на целата планета од почетокот на пандемијата, јавуваат британските медиуми.

Досега најголемиот број на заразени во еден ден беше регистриран во САД – 297.430 случаи, иако сајтот „worldometers.info“ од Вашингтон тврди дека на 8 јануари во САД биле заразени 307.851 лица.

Бројот на умрени, исто така, е рекорден за Индија, со 2.104 смртни случаи во еден ден, со што вкупниот број на умени сега изнесува 184.657, наведува индиското Министерство за здравство, додавајќи дека во ова аазиска земја од почетокот на пандемијата досега биле  инфицирани вкупно 15,93 милиони лица.

Врховниот суд на Индија јавно ја критикуваше централната влада за лошото снабдување со кислород во болниците, а само во Њу Делхи вчера се регистрирани 200 лица повеќе умрени од претходно, јави Би-Би-Си.

-Ова е ужасно. Ние сакаме да знаеме што прават во болниците во однос на снабдувањето со кислород низ целата земја, прашаа судиите на Врховниот суд, откако проценија дека е одговорност на владата да “моли, да позајмува, па дури и да краде ако треба” резерви на кислород.