Индија поддржува идеја за реформа на ОН и повикува на проширување на Советот за безбедност
Индискиот министер за надворешни работи Субраманијам Џаишанкар смета дека е потребно да се реформираат и други меѓународни организации, како што се СТО, ММФ, СЗО.
Индискиот министер за надворешни работи на видео конференција со министрите за надворешни работи на земјите од БРИКС изјави дека Индија е за реформа на ОН и за проширување на Советот за безбедност на ОН. Тоа го објави индиското Министерство за надворешни работи на својата официјална веб-страница.
„Министерот за надворешни работи ја истакна потребата од реформа на ОН, така да оваа организација ги рефлектира моменталните светски реалности и расположението на милиони луѓе ширум светот. Тој повика на проширување на Советот за безбедност на ОН во категоријата постојани и непостојани членки – објави индиското МНР.
Соопштението покажува дека Џаишанкар смета дека е потребно да се реформираат и други меѓународни организации како СТО, ММФ, СЗО.
Индискиот министер за надворешни работи, исто така, повика на засилена соработка на БРИКС во борбата против тероризмот. Тој изрази задоволство од усвојување на антитерористичката стратегија на БРИКС.