Најмалку 16 работници и членови на нивните семејства загинаа во западна Индија, откако врз бараките во кои се сместени се урна ѕид висок 23 метри, по обилните врнежи од дожд.
Противпожарната служба соопшти дека ѕидот го делел просторот помеѓу паркинг и една повеќекатна станбена зграда во градот Пуне, во државата Махараштра.
Спасувачите извлекле тројца работници од урнатините.
Операцијата за спасување продолжува, а се стравува дека поголем број луѓе се наоѓаат под урнатините.
Работниците биле ангажирани на градилиште кое се наоѓа во близина на местото на несреќата.
Истовремено три лица загинаа од струен удар во Мумбај, во истата држава што ја зафатија монсунски дождови, објави „Тајмс оф Индија“.