Индија повторно собори црн дневен рекорд по бројот на новозаразени со коронавирус, кој исто така е и негативен светски рекорд – регистрирани се 386.452 случаи, а починале 3.498 лица, соопшти Министерството за здравство.
Индија регистрира 7,7 милиони случаи од февруари, кога започна вториот бран на пандемијата на Ковид-19.
Во споредба со таа бројка од февруари, на Индија пред тоа и требаа шест месеци да достигне 7,7 милиони случаи.
Вкупниот број на заразени во Индија од почетокот на пандемијата на коронавирусот е близу 19 милиони, покажуваат податоците на страницата worldometers.info.