За влез во Индија ќе бидат задолжителни молекуларни тестови за Ковид-19 за луѓето кои директно или преку други држави пристигнуваат од Велика Британија, Јужна Африка и од Бразил со цел да се спречи ширење на новите видови на вирусот откриен во тие држави.
Индиската Влада синоќа соопшти дека авиокомпаниите ќе бараат патниците кои пристигнуваат од посочените земји да се изолираат.
Индија, која е на второ место по бројот на инфицирани луѓе, зад САД, досега ресистрирани се 187 заразени лица со британскиот вид на Ковид-19 и најмалку четврица со јужноафриканската мутација на вирусот.
Досега во Индија околу 11 милиони луѓе се заразиле со Ковид-19, но се претпоставува дека во земјата со 1,35 милијарди жители најверојатно се инфицирале приближно 300 милиони. Додека од последици на Ковид-19 починале над 155.000 луѓе.
Во Индија на 16 јануари почна имунизација на населението и досега 9,2 милиони луѓе примиле вакцина.