Жена во Индија нападнала маж за кој се сомневала дека ја демне и му ги отсекла гениталиите, по што го донела во болница за да му го спаси животот.

Обвинетата жена во вторникот наговорила двајца мажи наводниот 25-годишен демнач да го намамат во зафрлен дел од преградие на Мумбаj, каде што тројцата го нападнале, а жената со кујнски нож му ги отсекла генителиите.

Четириесет и дветгодишната жена во полицијата рекла дека мaжот бил нејзин сосед, како и дека неколкупати ја злоставувал. Taa oдлучила „да му одржи лекција“, нагласил полициски инспектор. Откако сфатила дека би можел да умре, и го одвела во полицијата.

Жената и двајцата нејзини помагачи во моментов се во полициски притвор додека трае истрагата.

Мажот е приклучен на апарат за дишење и натаму е во критична состојба.