Со спроведувањето на седмата фаза од гласањето, денеска, по пет недели, завршија парламентарните избори во Индија.
Броењето на гласачките ливчиња ќе почне в четврток, за кога се очекува објавувањето и на првичните изборни резултати.
Излезните анкети од гласањето посочуваат на победа на блокот на владејачката националистичка Индиска народна партија (БЈП) на премиерот Нарендра Моди.
Според овие предвидување, БЈП и нејзините коалициски партнери ќе освојат меѓу 287 и 305 места во 543-члениот Парламент, што е повеќе од неопходните 272 мандати за парламентарно мнозинство.