Гувернерот на Џакарта, Прамоно Анунг, донесе одлука за забрана на продажба на месо од мачки, кучиња и лилјаци на територијата на главниот град на Индонезија, наведувајќи го како причина високиот ризик од ширење на беснило и други санитарни проблеми.
Одлуката предвидува целосно отстранување на пазарите и на сурово месо, и на преработените производи. Локалните власти нагласуваат дека станува збор за мерка која треба да придонесе за заштита на јавното здравје.
Гувернерот Анунг изрази надеж дека оваа забрана ќе ја подобри санитарната безбедност во градот и ќе ги спречи потенцијалните епидемиолошки ризици во густо населената метропола.
фото: архива




