Во земјотресот со интензитет 6,2 степени според Рихтеровата скала што утрово го погоди индонезискиот остров Сулавези загинаа најмалку десет луѓе, а стотина се повредени.
Епицентарот на земјотресот бил на шест километри североисточно од градот Мајене, на длабочина од 10 километри..
По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами, но сеизмолозите предупредија дека се можни нови земјотреси, кои би можеле да предизвикаат големи бранови.
Земјотресот предизвика лизгање на земјиштето, оштети мостови, домови, а во прекин е и снабдувањето со електрична енергија.