Индонезискиот претседател Џоко Видодо денеска изјави дека морнарицата го известила дека исчезната подморница, по која се трагаше неколку дена, потонала во Балиското Море и испрати сочувство до семејствата на 53-та загинати морнари, јавија британските морнари.
-Армијата и морнарицата го сменија статусот на подморницата „КРИ Нангала 402“ од исчезната во потоната, изјави Видодо пред новинарите.
Подморницата од германско производство, стара 44 години, во средата го изгуби контактот со командата на брегот, додека се подготвувала за воена вежба.
-Сите Индонезијци ја изразуваат својата длабока тага за оваа трагедија, особено кон семејствата на жртвите, додаде претседателот на оваа азиска земја.