Според економските последици ова е најголемата војна што ни се случила, изјави инфектологот професор д-р Вело Марковски, кој беше гостин во Студио 10 за ТВ 24.
– Организмот не се бори сериозно со коронавирусите. Серолошките тестови се подобри за разлика од ПЦР тестовите, поефикасни се. Тие тестови кажуваат дека вирусот влегол во организмот, се заштитил. ПЦР тестовите не кажуваат дека вирусот влегол во организмот. Околу 73 милијарди се во прашање само за тестовите, некој си го форсира својот производ, прашање е дали ќе му се верува на овој производ, а ние не го проверивме производот. Не се работи за опасна вирусна инфекција, реалната бројка што умреле од Ковид е 100 до 200 илјади луѓе во светов. Не е опасна болест. Ние не сме во паника, во хаос сме, науката не се почитува. По економските последици ова е најголемата војна што ни се случила, рече проф. Марковски.