Долго време инфлуенсерите се гласни за прочуените дестинации, како на пример за Париз. Имено, еден Тиктокер го сподели своето мислење зошто не ја сака Ајфеловата кула.
Најпосетуваната дестинација во светот, Париз во Франција, доби многу критики од инфлуенсери, а една девојка изјави дека „го мрази тоа место“, додека снимаше пред Ајфеловата кула. Ова го поттикна инфлуенсерот, кој патува низ светот, да го коментира овој познат туристички бисер.
„Зошто Париз е последната дестинација во Франција за патување“, го започна тој своето видео.
„Ако патувате во Париз, тогаш сигурно знаете за што зборува оваа девојка. Сум бил во Париз неколку пати и имам причини зошто ова е местото каде што би одел е последно“, вели тој во видеото.
Тој додава дека единствената причина поради која оди таму е всушност евтиниот авионски билет од Америка.
„Не сакам да навредам некој што живее таму или го сака Париз, само ви кажувам што видов таму“, рече тој.
„Прво, многу е валкано, ѓубре има насекаде, второ, има многу разбојници, познавам многу луѓе кои беа ограбени во Париз среде бел ден“, продолжи тој.
„Луѓето се многу зли, знам дека е стереотип дека Французите не ги сакаат Американците, но ми се чини дека тоа е многу нагласено и кон другите“, посочи тој.
Тој предупредува дека е многу тешко да се „фати“ воз, и дека постојано доцнат и дека станиците им се многу валкани.
Во коментарите тој доби дополнителна поддршка од своите следбеници, некои рекоа дека Париз е „премногу романтизиран“, додека други велат дека неговиот опис на градот наликува на Њујорк.
@theimpulsivetraveler #stitch with @syddiesue Paris the city of 🗑 #paristravel #francetravel #travelstory #ihateithere ♬ original sound – The Impulsive Traveler