Во четврток, на 19.11.2020 во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Штип се одржа дебата на тема: Политиките и вредностите на конзервативзмот.
На настанот беа разгледувани повеќе различни гледишта за различни објаснувања за тоа што значи да се биде македонски, британски или американски конзервативец, конзервативното гледање кон функционирање на државата и државните институции, како и објаснување на социјалните вредности благодарност и благородност.
Настанот беше организиран на комбиниран начин, со физичко присуство, а имаше и модул за следење на настанот онлајн, преку ZOOM платформата. Ова е прв од четирите настани како дел од „Конзервативниот караван” планирани да се одржат во неколку различни града во организација на Институтот Сариса.