Дали некогаш сте се запрашале како изгледаат мускулите, а како мастите складирани во телото?
Фитнес инструкторка Есен Калбрес одлучи да се осврне на оваа тема и да им ја покаже на луѓето огромната разлика помеѓу мускулите и мастите во телото.
Иако е познато дека пет килограми мускул е тежок исто колку пет килограми маснотии, постојат разлики кои оваа фотографија ги покажува.
Имено, мускулите се многу погусти и зафаќаат помалку простор во телото, додека маснотиите се многу пообемни.
„Погледнете како мускулот е рамен, компактен и мазен. Сега погледнете ги мастите, тие се гломазни, широко распространети и грди. Кога тренираме напорно, правилно се храниме, се одмораме доволно, градиме мускули и согоруваме маснотии. Затоа е толку важно да се постигне повеќе од бројката на вагата”, напишал Калабрес во описот.