Во необична ситуација се најде ѕвездата на Интер, Кристијан Ериксен поради епидемијата на коронавирусот.
Данецот пристигна во Италија во зима и сè уште живее во хотел пред да открие дека синоќа сопственикот го затворил.
Раководството на клубот реагирало брзо и го спасило играчот да не остане на улица откако изнајмиле стан за него, каде ќе остане во следниот месец, до кога трае карантинотна екипата.
Голем број клубови соопштија за позитивни тестови на своите играчи и ги принудиле останатите да останат дома еден месец додека не се решат работите.