Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Единсон Кавани може да ја продолжи кариерата во Интер (Милано).
Според информациите од француското издание „Екип“, Интер му понудил на Уругваецот тригодишен договор.
Кавани не планира да го обнови договорот со ПСЖ, кој истекува во јули и ќе го напушти „Парк де Пренс“ како слободен агент.
За 33-годишниот Уругваец се заинтересирани и Атлетико Мадрид и Њукасл.