Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, ги искажа своите очекувања за финалниот натпревар на ЕВРО 2020 против Англија.
– Ние работевме за ова многу години и сега сме многу среќни. Можам само да им се заблагодарам на играчите што се пласираа во финалето. Сè уште не сме освоиле ништо. За турнирот да биде успешен, треба да победиме утревечер. Целиот стадион ќе навива за Англија. И ќе мора да извршиме притисок врз противникот. Финалето е нешто поразлично од редовните натпревари. Се разбира, треба да играте многу внимателно, но исто така е важно да уживате во процесот. Финалето може да се добие само ако излезете на терен за да се забавувате, изјави Манчини за официјалната веб-страница на УЕФА.
Финалето на Европското фудбалско првенство 2020 ќе се одигра утре (11 јули) на „Вембли“ во Лондон со почеток во 21 часот.