Во главниот град на Република Македонија – Скопје денеска ќе допатува поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.
Во продолжение неколку интересни факти за него:
– Вистинското име на папата Франциск е Хорхе Марио Бергољо. Роден е во Буенос Аирес на 17 декември 1936 година како најмлад од петте деца на италијански доселеници.
– Течно зборува италијански, германски и шпански, а се снаоѓа со англиски, француски и португалски. Студирал филозофија и дипломирал хемиска технологија. Пред да стане надбискуп на Буенос Аирес предавал книжевност, психологија, филозофија и теологија. Во 1986 година во Франкфурт одбрани докторат по теологија.
– Папата Франциск обожува танго. На часовите по танцување ја запознал својата тогашна девојка. Но потоа го почувствувал религискиот повик. Кога имал 12 години на својата прва симпатија наводно и рекол: Ако тебе не те оженам, ќе станам свештеник.
– Во младоста работел и како исфрлувач во ноќни клубови во Буенос Аирес за да заработи за стан и храна.
– Тој е страстен навивач на локалниот арегентински фудбалски клуб „Сан Лоренцо“. Во младоста активно играл кошарка. Исто така поседува голема колекција од дресови од фудбалски клубови.
– Папата Франциск е првиот папа кој не е од Европа уште од Гргур Трети кој бил роден на подрачјето на денешна Сирија а бил избран во 731 година. Тој, исто така, е прв папа од американскиот континент и прв папа роден во јужната хемисфера.
– Откако стана папа, тој беше кандидат за Нобелова награда за мир. „Тајм“ го прогласи за личност на 2013 година, списанието „Ролинг стоун“ го стави на насловната страна.
– Голем обожавател е на книжевните дела на Р.Р Толкин. Најдраги ликови од „Господар на прстените“ му се Фродо и Билбо, кои во неколку наврати ги спомнуваше како пример за победата на доброто над лошото.
– Папата Франциск многу сака да готви, а најдобро знае да го подготвува шпанското јадење паеља.
– Тој го држи рекордот од милион следбеници на Инстаграм собрани за најкус рок (за помалку од 12 часа), а исто така е еден од највлијателните светски водачи на Твитер, каде го следат над 45 милиони луѓе. Неговите Твитер страници се објавуваат на енглиски, латински, германски, португалски, полски, италијански, француски и арапски јазик.
– Иако секојдневно објавува на социјалните мрежи, папата Франциск нема свој личен компјутер. Не твита лично, но секој пост пред објавување мора да го прочита и одобри.
– Во текот на годините добивал многу екстравагантни подароци, меѓу кои и мотор Харли Дејвидсон. Подароците ги продава, а парите ги донира на центрите за бездомници.
– Папата Франциск уште во 1990 година се зарекол пред дева Марија дека засекогаш ќе престане да гледа телевизија и до денес не го прекршил заветот.
– Тој не носи црвени чевли специјално дизајнирани за него, како што правеле неговите претходници, туку носи обични црни, кои ги добил уште во родната Арегнтина.
– Тој е познат по тоа дека е многу поврзан со своите приврзаници и честопати ги изненадува луѓето кои му пишуваат со неочекуван телефонски повик. Италијански весник дури и објави прирачник, во кој се наведени правилата кои луѓето треба да ги следат додека телефонски зборуваат со папата Франциск.
– Тој не живее во официјалната папска резиденција во Апостолската палата. Наместо тоа, избра да живее во многу поскромната Каза Санта Марија, куќа за гости на Ватикан со цел да може да прима посетители и да има средби со обичните луѓе.
– Папата Франциск им само едно белодробно крило. Другото му било извадено кога бил тинејџер поради инфекција.
– Во едно интервју тој кажа дека она што најмногу му недостасува од кога е папа и одењето во пицерија.
– Во 2014 година го обнови пасошот како арегентски државјанин иако има дипломатски од Ватикан и инсистирал да нема никакви специјални привилегии.
– Тој има свој сет на емотикони, наречени папаемотикони. Во чест на неговата посета на САД, Сфифт Меда продуцираше сет емотикони кои ја рефлектираат неговата смисла за хумор.