Многу пати слушаме дека мажите се од Марс, а жените од Венера. Ајде да видиме, кои се тие факти за начинот на размислување на мажите и жените.
Мажите генерално велат дека жените се многу позборлести, ги комплицираат работите и дека импулсивно реагираат.
Жените имаат мислење дека мажите не слушаат и дека повеќето работи ги банализираат.
Колку всушност машкиот и женскиот мозок различно функционираат?
Да, разликите се присутни и се прилично големи, но не оди се во прилог на на машкиот мозок како што мажите сакаат да мислат.
Докажано е дека мажите имаат поголем мозок од жените, што, пак, нема врска со телесната маса или со неговиот развој. Делот од мозокот, кој е одговорен за решавање на проблеми, е поразвиен кај жените.
Исто така и лимбичниот дел од мозокот, во кој се наоѓаат и емоционалните центри.
Кај мажите, е поразвиен делот е задолжен за просторна ориентација и амигдалата, која е одговорна за социјално и сексуално однесување.
Жените имаат 10 пати повеќе бела мозочна маса, а мажите 6 пати повеќе сива. Што ќе каже дека мажите мислат со сивата маса, а жените со бела.
Значи мажите размислуваат со невроните, а жените со неврални врски. Токму заради овој факт е точно дека функционирањето на женскиот мозок е посложено.
Женскиот мозок, според тоа, работи побрзо од машиот, а за ова е задолжено густото пакување на неврони. Едноставно кажано, невроните се поблиски еден до друг, и тоа значително ја забрзува комуникацијата, токму поради тоа жените се способни за вербализација и комуницирање.
Интересно е што мажите користат мал дел од левата страна на мозокот за да решат проблем, а жените ги користат двете страни.
Значи, во никој случај не е точно дека мажите се поинтелигентни од жените, или обратно, жените и мажите едноставно имаат апсолутно два различни видови на интелигенција.
Дури и менталните нарушувања се различни, кај женскиот пол, поголема е веројатноста да се појават депресија и состојби на напнатост, бидејќи создаваат само половина од хормоните на среќата во споредба со мажите.
Мажите често страдаат од шизофренија, аутизам, пореметување при читањето.