Интернет конецијата проблем за попишувачите на вториот ден од најголемата статистичка операција во земјава. Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, при денешната посета на Тетово, истакна дека проблемот не е во нивната апликација туку во интернет мрежата и очекува што поскоро решавање, со што интензитетот на попишувањето би се зголемил во попладневните часови, со оглед на тоа дека е работен ден.
Вчерашниот ден, пак, поминал без проблеми, вели Симовски. Пописот се одвивал по утврдените протоколи и дека имало мал број на граѓани кои одбивале да се попишат.