Интернистот Шукри Фазлиу од Куманово е 13-ти лекар во земјава кој почина од Ковид-19, објави Алсат.
49-годишниот лекар една недела бил на домашно лекување со благи симптоми. Но, надлежните велат дека во последните три дена здравстевната состојба му се комплицирала па тој бил хоспитализиран во Клиниката за инфективни болести.
-За жал, друг колега исто така замина, како жртва на КОВИД-19. Утрово ме известија дека тој починал. Пред два дена се слушнав со него, беше на интензивна нега на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Тој рече дека е подобар од кога дојде на Клиника, затоа што го испративме во навистина лоша состојба, но слушнав дека имал потешкотии со дишењето, единствено што сакав е да ја надмине кризата“-изјави Снежана Захариева, директорка на кумановската болница.
Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека бројот на лекарите кои починале од вирусот се зголемил на 13 а во моментов 247 лекари се идентификувани како активни случаи. Од почетокот на пандемијата, позитивно се дијагностицирани 1527 лекари, од кои 1268 се излечени, пренесе АЛСАТ.