Министерот за странски инвестиции Елвин Хасан кој престојува во работна посета на Република Турција, пред Стопанската комора на Истанбул ги презентираше владините мерки и политики кои им обезбедуваат поддршка на странски компаниите во земјава за реализација на успешен бизнис.
Хасан, како што соопшти неговиот кабинет, ги претстави и поволностите што ги нуди земјава за инвестирање. Тој вчера имаше и средба со претседателот на Комората, Шекиб Авдагич.
Министерот го покани Авдагич да ја посети нашата земја,а тој одговори потврдно и кажа дека во иднина е отворен за предлози на Хасан.
Стопанската комора на Истанбул е основана во 1882 година, кога Османлиската држава одлучи сите претставници на индустрискиот сектор да бидат во една институција. Денес е една од најголемите стопански комори во светот, со вкупно 350.000 членки.