Петтина од големите британски фирми веќе се преселиле во странство поради брегзит, додека уште 12 отсто планираат или анализираат за таков потег, нагласува во новото истражување Institute of Directors (IOD).
Наодите ги поддржуваат повеќекратните предупредувања дека многу бизниси сега се далеку од точката на невраќање кога станува збор за преземање непредвидени акции, бидејќи пратениците не успеаја да се договорат за тоа како да ја напуштат Европската унија или евентуално напуштање без договор на 29 март, објави „Индепендент“.
ИОД анкетирал околу 1.200 директори на компании и утврдил дека 21 отсто од големите фирми веќе имаат воспоставено операции надвор од Велика Британија поради брегзит, додека 5 отсто планираат да го направат тоа, а 7 отсто активно размислуваат за тоа.
Кај средните фирми, 15 проценти веќе се преселиле во странство и 8 проценти од малите компании го сториле тоа.
Истражувањето, спроведено помеѓу 17 и 19 јануари, исто така, покажа дека 69 отсто од преселените размислуваат за менување на операциите во рамките на Европската унија.
Околу 18 отсто од фирмите сега ги активирале своите планови за непредвидени околности, додека сличен процент се уште не го „притиснале копчето за тоа“, нагласува весникот.