Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ќе ги разгледа апликациите на Јужна и на Северна Кореја за учество на заеднички тимови од овие земји на квалификациски турнири за Олимписките игри 2020.
Оваа одлука е донесена на трилатерален состанок на кој присуствуваа претсавници на ИОК и на олимписките комитети од двете земји.
Се размислува за учество на тимови во: хокеј на трева (жени), кошарка (жени), џудо (мешани тимови) и веслање (четворки и осмици).
Покрај тоа, ќе се разгледаат можностите за учество на заеднички тимови во други спортови.