„Луксури тајм“, ресторан само за жени и со женски персонал, отвори 23-годишната Тара Мохамед Ихсан, дипломирана економистка, на која и здодеа несаканото внимание од мажи, секогаш кога ќе излезе со пријателите во курдскиот град Ербил, северен Ирак.
„Ако сакате да излезете, тоа е толку непријатно, бидејќи сите зјапаат во вас”, вели таа.
„Отсекогаш сум размислувала да направам нешто за себе и за другите девојки да се чувствуваат удобно”, додаде Ихсан.
Префинетиот и модерен ентериер на ресторанот, со висечки лустери и шарени кревети, го привлекува несаканото внимание на мажите кои доаѓаат на влезот само за да видат за што се работи.
„Размислував, ако продолжи ова, ќе ставам обезбедување на влезната врата … Не е фер дека сите ресторани се за мажи, зошто не можат да се помират дека има еден и за жени?”, заклучи Ихсан.