Полицијата во Багдад соопшти денеска дека Ирачанецот Али Башар (20), кој е обвинет за сексуално злоставување и убиство на 14-годишната Сузан Фелдман во Германија, ја признал вината.
Како што јави МИА, во петокот министерот за внатрешни работи на Германија, Хорст Зехофер наведе дека курдските безбедносни сили го привеле обвинетиот Башар, кој бил идентификуван од страна на германските безбедносни сили.
Фелдман во средата беше пронајдена мртва во шума, во близина на мигрантски камп, каде наводно живеел Башар, соопшти германската полиција, додавајќи дека со аутопсијата било потврдено дека девојката била жртва на сексуално злоставување.